• сабота, 23 ноември 2024

Кај Дебарско Езеро пронајдени неисправни минофрлачки гранати и рачна бомба

Кај Дебарско Езеро пронајдени неисправни минофрлачки гранати и рачна бомба
Дебар, 1 октомри 2021 (МИА) - На крајбрежјето на Дебарското Езеро, кај место викано „Венец“ биле пронајдени две неисправни минофрлачки гранати и една рачна бомба од Втората светска војна, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид. - Вчера во Одделението за внатрешни работи во Дебар пријавено беше дека се пронајдени споменатите експлозивни направи. По извршениот увид од полициски екипи и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување од Тетово, гранатите и бомбата се безбедно подигнати за понатамошна постапка, додаде Димоски. Минатата недела, исто така, во близина на Дебарско Езеро биле откриени седум рачни бомби од Втората светска војна кои од соодветните надлежни служни биле безбедно подигнати за понатамошна постапка. Димоски исто така информираше дека ОВР-Дебар поднело кривична пријава против А.У. (33) од селото Елевци, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Тој, на 12-ти минатиот месец околу 23 часот во месноста „Параспор“ кај селото Новак се однесувал агресивно и упатил закани кон службеници на Шумската полиција кои извршувале службени дејствија. вт/мс/

Остани поврзан