• понеделник, 23 декември 2024

Католичката парохија Струмица: Епископот Стојанов служеше света Литургија за татковината

Католичката парохија Струмица: Епископот Стојанов служеше света Литургија за татковината

Скопје, 8 септември 2024 (МИА) – На празникот Раѓање на Пресвета Богородица, според грегоријанскиот календар, денеска, во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов служеше света Литургија за татковината, а со него сослужуваше катедралниот парох, патер Винко Маслаќ.

Како што информираат од Католичката парохија Струмица, во својата прoповед епископот Стојанов се осврнал на важноста на празникот Раѓање на Пресвета Богородица за нашето спасение и истакнал дека независноста на Македонија несомнено е под застапништвото на Пресвета Богородица. 

– Епископот Стојанов ја искористи оваа прилика да ги повика верниците да продолжат да се молат за татковината и понатаму да го даваат својот придонес во изградбата на општеството, а за доброто на сите луѓе кои живеат и ја чувствуваат Македонија за своја татковина, без разлика дали се во земјата или странство, стои во соопштението на Католичката парохија Струмица.

Додаваат дека епископот Стојанов секоја година на овој празник светата Литургија ја служи за татковината со накана за мир, благосостојба и напредок на Македонија. ра/аа

Фото: Католичката парохија Струмица

Остани поврзан