• сабота, 21 декември 2024

Катедралата Нотр Дам во Париз повторно ќе биде отворена на 7 декември, пет години по пожарот

Катедралата Нотр Дам во Париз повторно ќе биде отворена на 7 декември, пет години по пожарот

Париз, 13 ноември 2024 (МИА) - Катедралата Нотр Дам во Париз ќе се отвори за јавноста на 7 декември, пет години по разорниот пожар што го привлече вниманието на светот.

Елисејската палата денеска соопшти дека францускиот претседател Емануел Макрон ќе одржи говор пред катедралата.

Филип Жост, претседател на јавната институција задолжена за обновата на катедралата, најави дека свечениот настан ќе биде проследен со настапи на истакнати уметници.

Тој ја опиша програмата со „меѓународно познати“ уметници, но не ги откри конкретните имиња.

Готската катедрала, сериозно оштетена во пожарот во април 2019 година, очекува повеќе од 2.000 присутни на отворањето.

Поканети се претставници на црквата, светски лидери и големи донатори. Меѓу гостите што ги покани Макрон е и папата Франциск, за кого, според неколку медиуми, се вели дека го откажал присуството.

Не е објавено официјално соопштение од Ватикан, а Елисејската палата не понуди дополнителни детали.

Првата јавна миса ќе се одржи на 8 декември, а Париската епархија планира систем за резервации на веб-страницата на катедралата за присутните. ссм/

фото: архива

Остани поврзан