• недела, 22 декември 2024

Каталонската полиција го пребарува Парламентот и околината за да го спречи враќањето на Пуџдемон

Каталонската полиција го пребарува Парламентот и околината за да го спречи враќањето на Пуџдемон

Барселона, 7 август 2024 (МИА) - Каталонската полиција, во обид да го спречи поранешниот каталонски сепаратистички лидер Карлес Пуџдемон да се врати во Шпанија од егзил за да присуствува на инаугурацијата на новиот лидер Салвадор Ила, ја пребарува зградата на Парламентот во Барселона и остави само еден влез отворен.

Утре можност за влез ќе имаат само акредитираните пратеници и нивниот персонал.

Како што наведуваат странските агенции, затворена е и вратата што го поврзува Парламентот со Зоолошката градина во Барселона, која ја опкружува зградата од три страни.

Каталонската полиција го пребарала и подрумот на Парламентот, за да се увери дека Пуџдемон не се крие таму. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан