• понеделник, 23 декември 2024

Каталин Новак избрана за претседател на Унгарија

Каталин Новак избрана за претседател на Унгарија

Будимпешта, 10 март 2022 (МИА) - Унгарскиот парламент денеска ја избра Каталин Новак од владејачката партија Фидес за нов шеф на државата, со што стана првата жена избрана на таа функција во историјата на Унгарија.

Новак е избрана за петгодишен мандат, откако на парламентарното гласање го победи економистот Питер Рон. Новак (44) досега ја извршуваше функцијата министер без ресор задолжен за семејни прашања.

Таа ќе ја преземе функцијата од актуелниот претседател Јанош Адер, на кој му завршува вториот претседателски мандат.

Новак освои 137 гласа, врз основа на резултатите објавени на веб-страницата на Парламентот, додека кандидатот на опозицијата Петер Рон доби 51 глас. паг/

Остани поврзан