• вторник, 24 декември 2024

Карпентер: Русија останува изолирана во рамки на ОБСЕ, постигнат договор за фукционалноста на организацијата

Карпентер: Русија останува изолирана во рамки на ОБСЕ, постигнат договор за фукционалноста на организацијата

Скопје, 1 декември 2023 (МИА) - Русија останува изолирана во рамки на ОБСЕ поради воената агресија врз Украина, порача постојаниот претставник на САД во ОБСЕ, амбасадорот Мајкл Карпентер говорејќи  на денешната прес-конференција на маргините од Министерски совет на Организацијата во Скопје за резултатите од состанокот.

Тој изрази признание на Република Северна Македонија за како што рече, огромната работа што ја напарави за време на едногодишното претседавање со ОБСЕ оваа година во многу тешко време.

-Фокусот на сите нас беше на руската воена агресија врз Украина. За оваа ужасна агресија разговараме секоја недела на Постојаниот совет на Организацијата. Русија останува изолирана во рамки на Организацијата.Не постои ниту една друга членка на Организацијата, која ја поддржува оваа воена агресија или која се обидува да ја брани. Исто така утврдивме дека Организаицјата ни овозможи средства да ги постигнеме нашите цели кои вклучуваат поддршка за граѓанското општество, Најдовме начин и покрај попречувањата од Русија да ја одржиме годишната конференција за човекови права во Варшава на која учествуваа над 1500 активисти за човекови права, надминувајќи го бројот на учесници од минатата година, како и употребата на Московскиот механизам, важна алатка која им овозможува на земјите членки да ја држат Москва одговорна за нејзините брутални активности во Украина како воените злосторства, мачења, за злосторства против човештвото и други злосторства, рече амбасадорот Карпентер

За прашањата поврзани со претседавањето со Органзиаијата за следната година, тој информира дека е постигнат договор за претседавачот за наредната година и за продолжување на мандатите на првите луѓе на институциите во рамки на ОБСЕ.

-Среќен сум што можам да известам дека Малта се согласи ба диде претседавач наредната година Ние сме благодарни што тие ја преземаа оваа одговорност. Тоа е голем предизвик за нив, но ние сме уверени дека ќе успеат да ги одбранат вредностите во претстојната година. Во контекст на раководството на Организацијата ние штотуку  постигнавме првичен договор за продолжување на мандатот за девет месеци на генералниот сектерат, на високите претставници за националните малцинства, слобода на медиуми и на Канцеларијата за демократски институции и човекови права. Знаеме што е влогот и ова претствува победа за западните земји кои имаат исти ставови и кои се прашуваа за тоа дали има можност за договор, рече американскиот дипломат. вг/ац/

 

Остани поврзан