• понеделник, 23 декември 2024

Карл Луис: Олимписките игри во Токио најдобро да се одржат во 2022 година

Карл Луис: Олимписките игри во Токио најдобро да се одржат во 2022 година
Вашингтон, 22 март 2020 (МИА) – Легендарниот американски атлетичар Карл Луис смета дека Игрите во 2020 година во Токио треба да бидат презакажани поради пандемијата на коронавирус. Според него, најдобро е Олимпијадата да се одложи за во 2022 година. -Спортистите не можат да се подготват за Олимпијадата, нема селекција, нема турнири. Мислам дека ќе биде поудобно да се одложат. Вклучете ги овие игри во програмата 2022 година, заедно со Зимските олимписки игри во Пекинг. Ќе биде еден вид празнична олимписка година. Две години не е толку многу. И по две години подоцна ќе има игри во Париз, изјави Луис. Тој е деветкратен олимписки шампион и своевремено беше најбрз човек на планетата. зс/

Остани поврзан