• среда, 18 декември 2024

Карлсен прогласен за најдобар велемајстор на векот

Карлсен прогласен за најдобар велемајстор на векот

Будимпешта, 20 септември 2024 (МИА) - Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) го прогласи норвешкиот шахист Магнус Карлсен за најдобар велемајстор на векот.

Триесет и тригодишниот Норвежанец е лидер на ранг-листата на Меѓународната шаховска федерација. Во 2013 година стана светски шампион во класичен шах и четири пати ја одбрани оваа титула. 

За најдобра шахистка на векот е прогласена Јудит Полгар од Унгарија. Од 1989 до 2015 година таа беше на врвот на женската ранг-листа на ФИДЕ. Унгарката се повлече од активно играњето во 2014 година.

Специјалните награди Карлсен и Полгар им беа доделени синоќа во Будимпешта на гала-вечер по повод стогодишнината на ФИДЕ. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан