Карлсен иронично реагираше на отпуштањето на Аморим
- Норвешкиот шахист Магнус Карлсен реагираше на отпуштањето на Рубен Аморим од функцијата главен тренер на Манчестер јунајтед.
Осло, 6 јануари 2025 (МИА) - Норвешкиот шахист Магнус Карлсен реагираше на отпуштањето на Рубен Аморим од функцијата главен тренер на Манчестер јунајтед.
Претходно, во јануари 2025 година, светскиот шампион од 2013-2023 година, веќе побара оставка од тренерот на англискиот клуб.
- Тие поминаа една година проценувајќи ја ситуацијата, напиша Карлсен на социјалните мрежи.
Манчестер Јунајтед го објави заминувањето на Аморим од функцијата главен тренер на 5 јануари. Португалецот беше во клубот од ноември 2024 година. Дарен Флечер, кој го водеше тимот до 18 години, е назначен за привремен главен тренер на „Црвените ѓаволи“. зс/
Фото: ЕПА