• недела, 17 ноември 2024

Карбинци ги направи испитувањата на водата за пиење од ХС „Злетовица“

Карбинци ги направи испитувањата на водата за пиење од ХС „Злетовица“
Карбинци, 31 октомври 2022 (МИА) - Општина Карбинци ги направи сите испитувања за квалитетот на водата за пиење, која треба да пристигнува преку цевководот на ХС „Злетовица“ до новата Филтер станица за преработка на водата. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов вели дека за комплетна реализација на проектот треба да се изгради и пристапниот пат до Филтер станицата. -Изградбата на цевководите што ги работевме во изминатиов период се завршени. Она што ја закочи изведбата, од информациите што ги имам од изведувачот, е дека чекаат одобрување од инвеститорот, од Министерството за земјоделство, за да дефинираат неколку детали во однос на пристапниот пат, којшто ќе треба да го изградат, за да биде комплетиран целиот проект. Потоа ние како траен корисник би пристапиле кон склучување на договор со ХС Злетовица и отклонување на оние детали за да можеме да се приклучиме. Од страна на Општина Карбинци сите процедури се завршени, вели Паунов. Карбинци, како и Штип нема да се откаже од бунарскиот систем. Паунов вели дека со приклучувањето на ХС „Злетовица“  очекува сметките за електрична енергија значително да се намалат. Дотогаш ќе продолжат да плаќаат високи сметки, имајќи го предвид и фактот дека се снабдуваат со струја од крајниот добавувач. -Општина Карбинци има и алтернативен систем, односно неколку населени места ќе се снабдуваат со комбиниран систем за водоснабдување. За пример ќе го земам селото Радање, коешто ќе има по пат на испумпување, ќе ја користи истата вода којашто ја користи и денес, меѓутоа ќе оди на филтрација во самата фабрика за вода и ќе се враќа по друг цевковод назад кон трајните корисници. Очекуваме кога ќе се поврземе со ХС Злетовица, сметките да ги намалиме, додава Паунов. вдј/сст/  

Остани поврзан