• недела, 24 ноември 2024

Карадај: Ќе поддржиме владата предложена од новите партии

Карадај: Ќе поддржиме владата предложена од новите партии

Софија, 14 ноември 2021 (МИА) - Лидерот на Движењето за права и слободи (ДПС), Мустафа Карадај, кој беше и претседателски кандидат на Бугарија на денешните избори во Бугарија, коментираше дека доколку новите партии предложат влада, безусловно ќе ја поддржат, без да учестваат во преговорите, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Карадај, ДПС МРФ може подеднакво да разговара со сите партии и коалиции во Народното собрание на Бугарија. Тој додаде дека ДПС на овие избори има подобри резултати од претходните две гласања - во април и во јули.

Кој ќе биде поддржан во вториот круг од претседателските избори на 21 ноември од Движењето за права и слободи ќе се одлучува откако ќе станат јасни резултатите од првиот круг. На почетокот на изборната кампања ДПС објави дека не го поддржува Румен Радев за втор мандат како шеф на државата. нк/ми/

Остани поврзан