• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Карагер: Аморим не е виновен за проблемите на Манчестер Јунајтед

Карагер: Аморим не е виновен за проблемите на Манчестер Јунајтед

Лондон, 15 април 2025 (МИА) - Џејми Карагер смета дека менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим не е виновен за проблемите на „црвените ѓаволи“.

Дваесеткратниот шампион на Англија моментално се наоѓа на 14-тото место во табелата во Премиер лигата, а поранешниот дефанзивец на Ливерпул зборуваше за состојбата на Јунајтед.

-Мораме да ги погледнеме сопствениците и играчите. Аморим е во тешка ситуација. Мораме да запомниме дека тој не сакаше да дојде во клубот во моментов. Неговата желба беше да го преземе во текот на летото. Сепак, резултатите сè уште не се доволно добри. Манчестер Јунајтед не може да победува на секој натпревар. Јасно е дека тие не се врвен тим. Но, тие мора да се задоволат со она што го имаат во моментов, изјави Џејми Карагер, цитиран од „Манчестер Ивнинг Њуз“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан