• понеделник, 23 декември 2024

Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ во Пелагонискиот регион

Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ во Пелагонискиот регион

Скопје, 26 април 2023 (МИА) - Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ денеска на терен со граѓаните на Кривогаштани, Долнени, Демир Хисар, Могила, Битола, Прилеп и Новаци.

Во Прилеп како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ меѓу граѓаните беа членката на ИО на СДСМ Мелиса Ценовска Серафимовска и Оливер Спасовски.

- Направивме многу во овие изминати години за секое населено место за секоја категорија граѓани. Овде во Прилеп го изградивме најмодерниот ИКТ центар на МВР, го реконструиравме и проширивме патниот правец на Плетвар, го изградивме булеварот Гоце Делчев, како и нова детска градинка. Патот Градско – Прилеп се гради забрзано, а покрај тоа следува и изградба на делниците од коридорите 8 и 10 Д преку рекордна инвестиција од 1,3 милијарди евра. Сето ова е влог за иднината, за нашите деца и внуци да останат овде, во Прилеп, во Скопје, во Куманово, во нашата Македонија, истакна Спасовски.

Членката на ИО Милена Стевановиќ и Коста Начевски беа со граѓаните на Новаци, од каде порачаа дека преку успешните економски политики на СДСМ денес животниот стандард на граѓаните е унапреден и заштитен, а македонската економија стабилна и конкурентна, а доказ за тоа се и рекордните странски инвестиции што се реализираат во нашата држава.

Во Битола на маалска средба присуствуваа членот на Извршниот одбор Костадин Ацевски и Рената Младеновска.- По цели децении чекање, конечно ја реализираме изградбата на коридорот 8, но и коридорот 10Д, односно изградба на автопат Битола – Прилеп. Тоа е реализација на стратешка цел на генерации жители од овој дел од државата, но истовремено значи унапредување н квалитетот на живот на сите граѓани од Пелагонискиот регион. 1,3 милијарди евра ќе вложиме во реализација на проектите од коридорите, а од тие средства повеќе од половина ќе завршат кај домашни компании, посочи Ацевски.Претседателката на Надзорниот одбор на СДСМ Викторија Аврамовска Мадиќ заедно со Јовица Стојановиќ беше во Могила каде пред присутните порача дека СДСМ ја обезбедува европската иднина на државата, дека почетокот на преговорите и идното членство во ЕУ, носат со себе европски стандарди и повеќе пари од европски фондови за развој на секоја општина, на секое населено место.

Во рамки на карванот „Рамо до рамо до победа“ меѓу граѓаните Демир Хисар беа членот на ИО на СДСМ, Никица Бачовски и Борче Трпевски.

- Во СДСМ земјоделците имаат сигурен и докажан партнер со кој заедно ги надминуваат сите предизвици. Светската економска криза ја искористивме како можност да го зголемиме домашното производство на храна и заедно со земјоделците да градиме успешни мерки и политики. Оваа година откупот на тутун заврши во рекордно време, без ниту еден проблем.  Просечната откупна цена на тутунот достигна рекордни 290 денари по килограм, што претставува зголемување од 45 отсто во споредба со минатата година, кога беше 200 денари по килограм. Вреднување на трудот на земјоделците и повеќе инвестиции во македонското земјоделство, тоа е она што за нас во СДСМ е приоритет, порача Бачовски.

Кривогаштани, пак го посетија Хари Локвенец и Борче Петковски, кои пред присутните зборуваа за историската инвестиција во инфраструктурата преку изградбата на делниците од коридорите 8 и 10 Д во вредност од 1,3 милијарди евра, додека членката на ИО на СДСМ, Тања Томиќ и Филип Даскаловски беа меѓу граѓаните на Долнени каде зборуваа за економските политики на Владата предводена од СДСМ кои резултираа со зголемување на минималната плата на 20.175 денари и рекордно зголемување на пензиите од 8,4 отсто во месец март оваа година.

цр/сп/

Фото: СДСМ

 

 

 

Остани поврзан