• сабота, 23 ноември 2024

Караванот за подобрување на условите за живот на Ромите почна од Штип

Караванот за подобрување на условите за живот на Ромите почна од Штип
Штип, 5 април 2022 (МИА) - Караванот за одбележување на Меѓународниот ден на Ромите денеска почна од Штип. Настанот, кој ќе биде организиран и во други општини, има за цел да стави акцент на подобрувањето на условите и спроведување на правата на лицата од ромската заедница. Зоран Димов, координатор на мрежа за трајни системски решенија истакна дека во Штип првпат ќе ја прочитат Декларацијата за 8 Април. - Се надеваме дека таа ќе биде усвоена од страна на Владата и Собранието, а и сите Локална самоуправи ќе дадат придонес. Ако зборуваме за проблемите, ги имаме секогаш проблемите. Денеска е убав ден, да славимe, да го кажеме она што е неопходно за да ги поттикнеме младите, да ја кажеме историјата, да го кажеме она што ни е неопходно за иднината. Секогаш се јавуваат проблеми, но јас сум уверен дека градоначалникот ќе го даде својот максимум за да се испочитува сè она што е дадено по програмата, вели Димов. Според градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, општината веќе прави сè што е во нивна можност, а што ќе покаже дека локалната самоуправа се грижи за оваа и сите останати заедници во Штип. Дел од проектите сè уште се планираат, а останатите веќе се во фаза на реализација. Заклучокот е дека преку поголема комуникација помеѓу надлежните за сите нешта кои се случуваат, ќе се помогне на државно и локално ниво на Ромите кои што живеат во земјава. вдј/фф/

Остани поврзан