• вторник, 26 ноември 2024

Капсулата „Драгон“ пристигна на Меѓународната вселенска станица

Капсулата „Драгон“ пристигна на Меѓународната вселенска станица

Вашингтон, 24 април 2021 (МИА) - Капсулата „Драгон“ на компанијата „Спејс Икс со четворица астронаути денеска пристигна на Меѓународната вселенска станица, еден ден откако беше лансирана од вселенскиот центар Кенеди на НАСА.

Четворицата астронаути, двајца Американци, еден Французин и еден Јапонец ќе поминат шест месеци во Станицата. Следните денови во Меѓународната вселенска станица ќе има 11 астронаути, додека четворица астронаути ќе се вратат на Земјата во среда со друга капсула.

Првпат две капсули на „Спејс Икс“ во истовреме се на Меѓународната вселенска станица. Тоа беше трет лет со екипаж на приватна компанија на Илон Маска за помалку од една година.

Капсулата „Драгон“ беше искористена во мај минатата година за испраќање на првото вселенско летало со екипаж до Меѓународната вселенска станица, додека ракетата „Фалкон“ што ја носеше капсулата вчера беше користена за вториот лет со екипаж во ноември.

Новите членови на Меѓународната вселенска станица се Шејн Кимброу и Меган Мек Артур, Томас Пескет од Европската вселенска агенција и Акихико Хошиде од Јапонската агенција за вселенски истражувања. Сите, освен американската астронаутка Мек Артур, претходно биле во Меѓународната вселенска станица. ми/

Остани поврзан