• понеделник, 23 декември 2024

Кантримен: Србија да одлучи меѓу Русија и ЕУ

Кантримен: Србија да одлучи меѓу Русија и ЕУ
Вашингтон, 2 јануари 2020 (МИА) - Србија не може да очекува да ги ужива привилегиите и одговорностите на членството во Европската унија, кога нејзиното владеење на правото и транспарентноста се на ниво на Русија и Кина, оцени поранешниот американски дипломат Томас Кантримен за Гласот на Америка. - Белград треба да одлучи дали сака да го прифати стандардот на транспарентност и владеењето на правото на Европската унија или сака да се прилагоди на олигархискиот, недемократскиот и неслободниот модел на Русија на Путин, рече Кантримен, кој е високо позициониран член на невладината Асоцијација за контрола на оружјето. Според него, не може да се имаат две работи во исто време. - Србија не може да очекува да ужива привилегии и одговорности на ниво на членство во Европската унија, кога нејзиното владеење на правото и транспарентноста се на ниво на Русија и Кина, рече Кантримен. паг/

Остани поврзан