• петок, 22 ноември 2024

Кандидатот за нов холандски еврокомесар Хукстра утре на „сослушување“ кај Фон дер Лајен

Кандидатот за нов холандски еврокомесар Хукстра утре на „сослушување“ кај Фон дер Лајен

Брисел, 28 август 2023 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утре ќе има разговор со холандскиот кандидат за еврокомесар Вопке Хукстра, кој треба да го наследи досегашниот претставник на Холандија во извршното тело на ЕУ, Франс Тимерманс.

Доколку Фон дер Лајен ја одобри номинацијата на Хукстра, тој ќе треба да соочи и со европратниците, од кои дел, пред се оние од редовите на левичарските партии, изразија скептицизам околку неговиот избор.

Владата во Хаг во петокот го предложи актуелниот холандски министер за надворешни работи Хукстра за наследник на Тимерманс, кој минатата недела официјално се повлече од Европската комисија за да го предводи блокот на неговата Лабуристичка партија (ПВДА) и Зелената левица (ГЛ) на предвремените парламентарни избори во Холандија закажани за во ноември и да биде кандидат за премиер на оваа коалиција.

Но, во редовите на левичарските партии во Европскиот парламент има резерви кон номинацијата на Хукстра, кој доаѓа од редовите на Христијанско-демократски апел (ЦДА), членка на конзервативната Европската народна партија (ЕПП), особено околу неговото евентуално именување да равоводи со имплементацијата на Европскиот зелен договор.

Холандскиот европратеник Мохамед Шахим од редовите на ПВДА, кој е и потпретседател на Пратеничката група на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) во Европскиот парламент, изјави дека нема гаранции дека Хукстра ќе добие поддршка во ЕП.

- Дали ќе го поддржиме, ќе зависи од тоа дали ќе не изненади на сослушувањето. Но, ние не сме многу воодушевени од него, додаде Шахим.

По повлекувањето на Тимерманс, кој беше извршен потпретседател на Европската комисија задолжен за спроведување на Европскиот зелен договор, Фон дер Лајен раководењето со климатската политика на ЕУ времено му го предаде на словачкиот еврокомесар за меѓуинституционална соработка Марош Шефчович, оставајќи простор овој ресор да го преземе новиот холандски член на ЕК.

Иако Хукстра во петокот изрази подготвеност да го преземе раководењето со зеленото портфолио, нарекувајќи го глобалното затоплување - „една од најголемите теми на нашето време“, сепак не е сигурно дека тој ќе ги добие надлежностите за спроведување на Европскиот зелен договор.

Извршниот потпретседател на Европската Комисија, Франс Тимерманс, одби да биде дел од традиционалната институционална фотографија помеѓу членовите на Европската Комисија и новата земја претсе

Ова особено што европратеници од неговата ЕПП водеа жестока кампања против Предлог-законот за обнова на природата, предложен од Тимерманс, кој помина во Европскиот парламент со тесно мнозинство и се обидуваа да ја забавата имплементацијата на законодавството поврзано со Европскиот зелен договор.

Како што јави специјлниот известувач на МИА од Брисел, Пратеничката група на СД во петокот соопшти дека имајќи ги предвид „неодамнешните цинични и популистички маневри на конзервативната ЕПП за да го забават Зелениот договор, за нас од клучно значење е климатското портфолио да остане во рацете на семејството на социјалистите и демократите“. Според Шахим, последно нешто што и треба на ЕУ е „уште еден комесар на ЕПП“.

Покрај СД, резреви кон изборот на Хукстра изразија и пратеничките групи на Зелените и на либералната Обнова на Европа.

Германскиот европратеник од редовите на Зелените, Михаел Блос изјави дека „не е многу ентузијаст“ за номинацијата на Хукстра. 

- Загрижен сум дека не ја сфаќа доволно сериозно климатската криза, рече Блос.

Холандскиот министер за финансии Вопке Хукстра денеска изјави дека создавањето корона-обврзници би направило повеќе проблеми отколку решенија во обид да се обнови економијата откако ќе помине

Неговиот сопартиец од Холандија, Бас Ајкхаут, пак, истакна дека Хукстра во периодот кога беше холандски министер за финансии, од 2017 до 2022 година, „не успеал да покаже европска визија за инвестициските потреби на Европа“, алудирајќи на неговите обиди за блокирање на плановите за споделување на финансикиот товар во рамките на ЕУ за справување со пандемијата на Ковид-19.

- Неодамна неговата партија се бореше против клучните елементи на Зелениот догово. Сето ова поставува сериозни прашалници дали тој е соодветен за таа работа... Неговиот избор воопшто не е завршена работа, додаде Ајкхаут.

Холандската европартеничка Софи ин Велд од партијата Волт и членка на групата Обнова на Европа, запраша зошто либералите треба да поддржат кандидат на ЕПП, кој е „испратен да ја потопи климатската агенда “. Членот на либералната пратеничка група, европратеникот Мартин Хојсик од партијата Прогресивна Словачка (ПС), пак, изјави дека негово прво прашање за Хукстра ќе биде како Еврокомисијата се подготвува за Конференцијата за климата во Дубаи, каде тој како евентуален еврокомесар за климатска политика би ја претставувал ЕУ.

Резерви кон изборот на Хукстра изрази и раководителката на Програмата за клима и политика на ЕУ во тинк-тенк групата Е3Г, Елиса Џанели, според која Хукстра има „многу ограничено искуство за климатската политика“.

Од друг страна ЕПП, ја поздрави номинацијата на Хукстра со оценка дека неговото евентуално именување на должнста поврзана со климатската политика, би нудела реална можност за нови политички разговори околу зелената агенда на ЕУ.

Правниот тим на Европскиот парламент ќе подготви тужба против Европската комисија поради „пропустот“ да ги казни земјите кои го „кршат“ владеењето на правото.

Европратениците немаат ингеренции да го блокираат изборот на некој еврокомесар, но можат да побараат да му биде доделен некој друг ресор наместо предложениот. Доколку Хукстра биде предложен за раководење со ресорот поврзан со климата, неговиот избор треба да биде поддржан од членовите на Комитетот за животна средина, јавно здравство и безбедност на храната на Европскиот парламент. Во досегашната практика, доколку некој кандидат за еврокомесар не добиеше поддшка од матичниот комитет на ЕП, тој се повлекуваше од номинираниот ресор.

Но, односот силите во Комитетот за животна средина е речиси изедначен и не е исклучено Хукстра да добие поддршка за раководењето со еколошката политика на ЕУ, имајќи предвид дека и Законот за обнова на природата не доби поддршка во овој Комитет благодарение на противењето на европратениците од редовите на десницата, за потоа да биде одобрен на пленарна сесија на Европскиот парламент. 

Независно од партиската припадност, европратеникот Шахим нагласи дека поддршката на СД за избор на Хукстра за еврокомесар за климата ќе зависи од неговиот одговор на едно прашање.

Во Европа во моментов постојат две опции, едната која сака да ја забрза климатската акција за да се спасат индустријата и Планетата, и другата, која мисли дека треба да притиснеме на сопирачките. Која ја избирате вие?, нагласи Шахим најавувајќи го прашањето за Хукстра. сп/

Фото: МИА Архива/СД

Остани поврзан