• петок, 12 јули 2024

Кандидатот за градоначалник Горан Алачки оствари средба со жителите од Ромското маало во Берово

Кандидатот за градоначалник Горан Алачки оствари средба со жителите од Ромското маало во Берово
Берово, 10 октомври 2021 (МИА) - Натпартискиот кандидат за градоначалник на Берово од партијата Интегра, Горан Алачки, денеска оствари средба со граѓаните на ромското маало од Берово. На средбата, како што рече Алачки, низ разговор ја слушнал нивната вистина и големиот број проблеми со кои се соочуваат во нивното секојдневие. Оствари средба и со дел од членовите на Уска Кан, победниците на еден од најголемите светски фестивали „Гуча“. - Господинот Усаин Кантуровски е легенда, светско музичко име. Јас како музичар ќе направам многу и моето име ќе го ставам на пиадестал и ќе ја бранам културата и уметноста пред сите овие светски имиња. Сите тие имиња ќе добијат посебен статус во општината, како наши амбасадори, ќе ја претставуваат општина Берово насекаде низ светот, меѓутоа официјално ќе добијат посебен статус и посебно место со пиетет, рече на средбата со граѓаните во Ромско маало во Берово, кажа Алачки. На средбата со граѓаните, Алачки ја презентираше неговата програма во која, како што додаде, се содржани проекти кои ќе бидат насочени токму во културата и уметноста во Малешевијата, со посебен акцент на музичарите, а исто така и проекти во областа на туризмот во Берово каде има потенцијал да се развива и да биде препознатливо нашето место во светот. - Горан Алачки е добредојден кај сите Роми, бидејќи сите го познаваат и поголем број музичари Роми соработуваат заедно со него. Чесноста и квалитетот го китат неговиот карактер. Треба да има промени, па затоа безрезервна поддршка даваме токму на Горан Алачки бидејќи е личноста која доаѓа од музичката уметност и знае како да ги реши проблемите, со кои што се соочуваат сите музичари и културни работници во Малешевијата, истакнаа дел од граѓаните на средбата. Покрај Алачки кој на кандидатската листа за градоначалник на Берово е со број 20, Интегра на локалните избори во Берово настапува и со сопствена кандидатската листа. вс/мс/

Остани поврзан