• сабота, 23 ноември 2024

Кандидатите за градоначалници на Општина Карпош го потпишаа кодексот за фер и демократски избори

Кандидатите за градоначалници на Општина Карпош го потпишаа кодексот за фер и демократски избори
Скопје, 24 септември 2021 (МИА) - Кандидатите за градоначалници на Општина Карпош, Душко Весковски – СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Васко Костов – МАКЕДОНСКА ЕРА ТРЕТА, Дарко Ристовски – Левица, Христа Најдов – Движење „Одлучно за промени“ и Стевчо Јакимовски – ГРОМ денеска го потпишаа кодексот за фер и демократски избори. Кандидатот за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ, Оливер Зафировски, кој од оправдани и неодложни причини не беше во можност да присуствува на потпишувањето, целосно го поддржува овој кодекс и се обврзува на почитување на обврските кои произлегуваат од него, стои во соопштението за потпишувањето на Кодексот испратено од Весковски. Со потпишување на овој кодекс, се нагласува, кандидатите за градоначалници на Општина Карпош се обврзуваат за спроведување фер и демократски избори, со почитување на принципите на демократијата и доброто владееење за демократски развој на општеството. -Со потпишување на овој кодекс за спроведување фер и демократски избори, заедно со кандидатите за градоначалници од другите партии, се обврзавме за одржување кампањи и локални избори со почитување на сите закони, правила и прописи релевантни за изборите, без притисоци и без говор на омраза, во позитивна атмосфера, изјави Весковски.мд/лв/

Остани поврзан