• петок, 05 декември 2025

Кандидатите за градоначалници и носители на советнички листи во Неготино дискутираа за правата на лицата со попреченост

Кандидатите за градоначалници и носители на советнички листи во Неготино дискутираа за правата на лицата со попреченост

Неготино, 7 октомври 2025 (МИА) - Подобар живот за лицата со попреченост, е целта на активностите што денеска беа реализирани во Неготино. Настанот беше именуван „Соочување со предизвиците и стигматизацијата". На средбата беа присутни кандидати за градоначалници и носители на листи, кандидати за советници во општински Совет. Целта е, како што беше кажано, да се иницираат промени во законите за здравствена заштита и за социјална заштита, а на денешниот настан се разговараше околу програмите на учесниците во локалните избори, околу лицата со попреченост. 

Се работи за регионален  проект поддржан од Владата на Швајцарија, што заеднички го спроведуваат  „Порака" Неготино од Неготино, Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес, како и здружението за заштита и унапредување на животната средина „Еко - живот" Кавадарци. 

На средбата беше кажано дека основна цел на проектот е подобрена здравствена заштита на лицата за попреченост во сите три нивоа на здравствена заштита.

Активностите се во рамки на проект преку Цивика Мобилитас. свд/дма/


Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан