• недела, 22 декември 2024

Канада и Велика Британија со санкции против Лукашенко 

Канада и Велика Британија со санкции против Лукашенко 

Вашингтон, 29 септември 2020 (МИА) - Канада и Велика Британија денеска наметнаа санкции против Александар Лукашенко и пет членови на Владата на Белорусијапо речиси двомесечните протести и репресии против мирните протестанти. 

Под санкции потпадна и Виктор Лукашенко, најстариот син на самопрогласениот претседател на земјата.  

Во Белорусија речиси два месеца се одвиваат протести против режимот што употребува несразмерна сила, агресија и селективно задржување на мирните протестанти. 

Санкциите предвидуваат, меѓудругото, забрана на Лукашенко и другите санкционирани лица за патување во овие земји и замрзнување на нивните сметки во странство.  

Европската Унија се уште калкулирас со санкции против режимот во Белорусија, но поради консензуалното одлучување не може да го стори тоа.  

Вето на оваа одлука стави Република Кипар, поврзувајќи го гласањето за санкции против Лукашенко со воведување санкции и против Турција поради дупчењата што го прави во Источен Медитеран. кб/сд/

Остани поврзан