• понеделник, 23 декември 2024

Кампос пред отказ од ПСЖ по одлуката на Мбапе да не го продолжи договорот

Кампос пред отказ од ПСЖ по одлуката на Мбапе да не го продолжи договорот

Париз, 13 јуни 2023 (МИА) - Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи може да го отпушти спортскиот директор на клубот Луис Кампос по одлуката на напаѓачот Килијан Мбапе да не го продолжи договорот, пишува„ Get French Football News“.

 

Сопственикот на парижаните е лут на ситуацијата околу 24-годишниот играч и бесен на Кампос кој не успеал да го убеди Мбапе за нова соработка.

 

На 12 јуни беше објавено дека играчот испратил официјално писмо до клубот во кое се наведува дека во никој случај нема да ја активира опцијата за продолжување на договорот до 2025 година.

 

Дваесет и четиригодишниот Мбапе оваа сезона забележа 43 настапи за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи 41 гол и 10 асистенции.

 

Цената на играчот, според порталот Трансфермаркт, е 180 милиони евра. Важечкиот договор му е до 2024 година и има можност за продолжување на уште една сезона. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан