• понеделник, 23 декември 2024

Кампања за зголемување на свесноста кај работниците „Мој труд, мои права“

Кампања за зголемување на свесноста кај работниците „Мој труд, мои права“
Скопје, 28 јануари 2021 (МИА) -  Кампања за зголемување на свесноста кај работниците, младите и работодавачите за нивните права и обврски кои произлегуваат од работниот однос „Мој труд, мои права“ во следните шест месеци ќе реализира Економско-социјалниот совет во соработка со проектот на Меѓународната организација на трудот, финансиран од Европската Унија. На прес-конференцијата по повод почетокот на кампањата, како што најавуваат организаторите, треба да се обратат министерката за труд и социјална политикa Јагода Шахпаска, раководителот на Секторот за соработка при Делегацијата на ЕУ Никола Бертолини, директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска, претседателот на Организацијaта на работодавачи на Македонија Ангел Димитров, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Дарко Димовски и Наташа Мечкароска Симјаноска, проектен координатор на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог имплементиран од Меѓународната организација на трудот. Во тек на наредните шест месеци и преку мноштво активности на различни медиуми како што се социјални мрежи, интернет портали, радио, печатени материјали итн., кампањата ќе понуди лесно достапни и детални информации поврзани со работничките права. аа/скс/

Остани поврзан