• недела, 29 септември 2024

Кампацо потпиша за Далас

Кампацо потпиша за Далас
Далас, 13 октомври 2022 (МИА) - Аргентинскиот кошаркар Факундо Кампацо (178 см, 31 година) се согласил да потпише договор со Далас маверикс, информира „Марка“. Триесет и едногодишниот Кампацо ги помина претходните две сезони со Денвер нагетс. Минатата сезона тој имаше просек од 5,1 поен и 3,4 асистенции за 18,1 минута поминати по натпревар. Кампацо имаше понуди да се врати во Евролигата, каде Реал Мадрид и Фенербахче сакаа да го видат во своите редови. Сепак, Аргентинецот избра да потпише едногодишен договор вреден два милиони долари. Кампацо добро го познава лидерот на Далас Лука Дончиќ со кого заедно играа во Реал Мадрид. зс/

Остани поврзан