• понеделник, 23 декември 2024

Камион повторно пропадна на плоштадот „Македонија“

Камион повторно пропадна на плоштадот „Македонија“
Скопје, 23 ноември 2022 (МИА) - Камион утрово пропадна на плоштадот „Македонија“. Станува збор за возило на приватна компанија кое со тркалата пропаднало во плочникот во делот каде се наоѓа партерната фонтана. Камионот е со турски регистерски таблички и е дел од тимот на турска филмска продукција која снима филм во Скопје.
Ова не е првпат камион да пропадне во партерната фонтана на плоштадот. И пред неколку месеци пропадна камион, кој беше извлечен со возило на „Градски паркинг“. Од Град Скопје тогаш најавија санкции против субјектот чиј камион влегол на плоштадот „Македонија“. мд/са/
Фото: МИА 

Остани поврзан