• сабота, 23 ноември 2024

Каменица Саса против Јувентус на стартот на Лигата на шампиони

Каменица Саса против Јувентус на стартот на Лигата на шампиони
Нион, 2 јули 2021 (МИА) – Македонскиот фудбалски шампион во женска конкуренција Каменица Саса за противник на отворањето на новата сезона во Лигата на шампиони ќе ја има италијанската екипа Јувентус, одлучи денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион. Жрепката за првата квалификациска рунда ја смести екипата на Каменица Саса во групата 8, во која покрај Јувентус се и Ст. Полтен Фрауен (Австрија) и Бешикташ (Турција). Полуфиналните двојки Каменица Саса-Јувентус и Ст. Полтен – Бешикташ ќе се играат на 18 август, а финалниот натпревар по кој ќе биде познат патникот во второто квалификациско коло е на програмата на 21 август. Домаќинот на квалификацискиот турнир во групата 8 ќе биде одреден дополнително. ег/цр

Остани поврзан