• недела, 22 декември 2024

Калеска Ванчева: Опструкциите се за да се дезавуираат предметите на СЈО

Калеска Ванчева: Опструкциите се за да се дезавуираат предметите на СЈО
Скопје, 30 јануари 2020

Во дебатното издание на Топ Тема на Телма телевизија посветено на предлог-законот за Јавно обвинителство, пратеничката Калеска Ванчева уште еднаш ја нагласи потребата за донесување на законот за јавно обвинителство, и посочи дека суштината на застојот и целта на опструкциите од страна на опозицијата е да се оспорат предметите кои што се сработени од СЈО. „Мислам дека и во текот на вчерашната и завчерашната дебата во Собранието веќе се покажа јавно зошто ние заглавивме на овие прашања, а тоа се две прашања. Се искажуваа технички, па за изборот, па дали е доволна дисциплинската одговорност застапена vis a vis овластувањата на јавните обвинители. Но верувајте дека сето тоа апсолутно нема врска, во смисла на камен на сопнување. Не. Проблемот е на две,  односно една нишка, а тоа како ние да дезавуираме се она што е сработено од страна на СЈО “, истакна Калеска – Ванчева. Според пратеничката Ванчева, потребата за донесување на закон и процесот се постари и немаат врска со случувањата поврзани со СЈО. „Ние бевме свесни на самиот почеток дека имаме потреба од нов Закон за јавно обвинителство, уште апсолутно кога не стануваше, не се проблематизираше ниту постоењето на СЈО, ниту кредибилитетот на СЈО и тоа беше влезено во стратегијата за реформи во правосудството“, посочи пратеничката Калеска - Ванчева во емисијата Топ тема. Ванчева потсети дека има разлика меѓу сегашниот предлог и првиот концепт на законот кој предвидуваше опстанување на СЈО, но не беше прифатен од ВМРО ДПМНЕ. Новото решение предвидува решение за обвинителите и вработените кои беа дел од оваа институција. „Обвинителите кои што работеа во СЈО, а потекнуваат од основни обвинителства, во ситуација кога се носи овој закон кога престанува СЈО, треба да се остави можност да конкурираат и повторно да бидат избрани во обвинителството за организиран криминал. Само тој начин е возможен. Сакаме да ја решиме оваа ситуација и тоа е единствен начин“ изјави Ванчева.

СДСМ  Центар за комуникации со јавноста  _______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан