• петок, 22 ноември 2024

Калед Мешал избран за шеф на канцеларијата на Хамас во дијаспората

Калед Мешал избран за шеф на канцеларијата на Хамас во дијаспората
Газа, 12 април 2021 (МИА) – Поранешниот лидер на Хамас, Халед Мешал е избран за шеф на канцеларијата на палестинска исламистичка група во дијаспората, соопшти денеска портпарол на Хамас. Мешал (64), кој преживеа израелски обид за атентат во 1997 година, беше шеф на политичкото биро до 2017 година, кога беше заменет од Исмаил Ханиех (59) со седиште во Газа. Иако базата на моќта на Хамас е во Газа, која ја контролира од 2007 година, движењето има многу следбеници меѓу бегалците и други луѓе на Блискиот исток и други области. јт/

Остани поврзан