• петок, 05 декември 2025

Калајџиески го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

Калајџиески го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

 

Битола, 25 август 2025 (МИА) – Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го продолжи денеска договорот со 21-годишниот среден бек Мирче Калајџиески, кој се обврза на верност со битолскиот клуб до јуни 2029 година.

Калајџиески дојде во Битола од словенечкото првенство и се наметна со своите игри, откако мина една и пол сезона во Еурофарм Пелистер 2.

Калајџиески со Еурофарм Пелистер 2 избори промоција во Суперлигата за сезоната 2025/26, а од оваа сезона е член на Еурофарм Пелистер и е стандарден во тимот предводен од Рубен Гарабаја.

Еурофарм Пелистер претходно ги продолжи договорите и со браќата Петар и Павле Атанасијевиќ. ег

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер/Фејсбук.

Остани поврзан