• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Калафиори предизвика загриженост во Арсенал пред дуелот со Реал Мадрид

Калафиори предизвика загриженост во Арсенал пред дуелот со Реал Мадрид

Лондон, 21 март 2025 (МИА) - Италијанскиот репрезентативен дефанзивец, Рикардо Калафиори го напушти таборот на тимот за да се врати во Лондон и да се опоравува. Тој беше заменет во дополнителното време на натпреварот против Германија, откако заработи повреда на левото колено.

Италијанците веќе објавија дека тој го напуштил кампот и нема да патува со тимот на реваншот во Дортмунд в недела.

-Се уште не знаеме колку е сериозна неговата состојба. Рики чувствува нешто чудно во коленото, но се уште не знаеме точно што, изјави тренерот на "азурите", Лучано Спалети.

Локацијата на повредата е загрижувачка, бидејќи Калафиори веќе заработи тешка повреда на истото место, скина лигаменти и менискус и беше надвор од терените 11 месеци додека играше за Рома.

Рикардо Калафиори сигурно ќе ги пропушти премиерлигашките натпревари на Арсенал против Фулам и Евертон, а е под знак прашалник и за првиот натпревар против Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите, кој е во првата половина на април. дс

Фото: Архива

Остани поврзан