• вторник, 13 јануари 2026

Калас: ЕУ бара ослободување на сите неправедно приведени учесници на протестите во Иран

Калас: ЕУ бара ослободување на сите неправедно приведени учесници на протестите во Иран

Брисел, 10 јануари 2026 (МИА) – Сите неправедно приведени лица за време на протестите во Иран мора веднаш да бидат ослободени, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

- Внимателно и со голема загриженост ги следиме извештаите за жртвите и ја осудуваме употребата на насилство, произволно притворање и тактики на заплашување од страна на безбедносните сили против демонстрантите. Сите лица неправедно приведени поради остварување на нивните основни права мора веднаш да бидат ослободени, наведе Калас во писмената изјава упатена во име на ЕУ.

Во изјавата се повикуваат иранските власти да се придржуваат кон меѓународните обврски и целосно да ги почитуваат правата на слобода на изразување, здружување и мирно собирање, како и да го обезбедат правото на пристап до информации, вклучително и преку враќање на пристапот до интернет за сите.

- ЕУ ја изразува својата солидарност со иранскиот народ додека тој го искажува својот легитимен стремеж за подобар живот, слобода и достоинство, се додава во изјавата. сп/мс/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан