• вторник, 17 декември 2024

Кака: Бразил е фаворит, Србија можно изненадување на СП

Кака: Бразил е фаворит, Србија можно изненадување на СП

Милано, 9 ноември 2022 (МИА) – Прославениот бразилски репрезентативец Кака оцени во интервју за италијанските медиуми дека Бразил има најголеми шанси да ја освои титулата на претстојното Светско фудбалско првенство во Катар.

Според Кака, бразилскиот состав долго работи на овој проект и сега во репрезентацијата има одличен спој на младост и искуство.

Кака, во интервју за весникот „Газета дело спорт“, истакна дека покрај Бразил, фаворити за тутлата се Аргентина и Франција, а како можно изненадување ја наведе Србија.

-Пред нас е специфичен Мундијал. Уверен сум дека најдобрите фудбалери ќе бидат на висина на задачата, а особено ме интересира да ги гледам Кристијано Роналдо и Лионел Меси и нивното влијае на последниот Мундијал во нивните кариери. Притоа, би сакал Нејмар да биде нивниот наследник, рече Кака, кој беше дел од бразилската репрезентација која ја освои светска титула во 2002 година. ег/јт/

Остани поврзан