• петок, 19 јули 2024

Казни за 66 автобуси што вршат превоз на ученици, осум возила упатени на вонреден технички преглед

Казни за 66 автобуси што вршат превоз на ученици, осум возила упатени на вонреден технички преглед
Скопје, 31 март 2023 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици.
 
При контролата констатирани се 66 сообраќајни прекршоци, од кои 10 за непрописно вклучување во сообраќај, девет за возење без сообраќајна дозвола, шест за користење мобилен телефон за при возење...Од МВР информираа дека на вонреден технички преглед биле упатени осум возила.
 
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. цр/аа/
 
Фото:МИА

Остани поврзан