• сабота, 23 ноември 2024

Казни за 19 возачи за непрописно вградени фолии

Казни за 19 возачи за непрописно вградени фолии
Скопје, 23 мај 2022 (МИА) - Во периодот од 16.05.2022 до 22.05.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 19 учесници во сообраќајот. Како што соопштија денеска од МВР, на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.  цр/

Остани поврзан