• сабота, 23 ноември 2024

Казни за 113 возачи на мотоцикли на територијата на цела држава 

Казни за 113 возачи на мотоцикли на територијата на цела држава 
Скопје, 2 јули 2021 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден спроведена е  зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 113 возачи. - Од нив, 73 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 38 возачи се исклучени од сообраќај, 26 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци, соопштија денеска од МВР. Засилените акциски контроли, најавија од МВР, продолжуваат  и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. цр/са/

Остани поврзан