• понеделник, 23 декември 2024

Казнети 46 возачи за возење под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

Казнети 46 возачи за возење под дејство на алкохол на територија на СВР Битола
Скопје, 12 февруари 2023 (МИА) - На територија на СВР Битола во текот на изминатата вечер во периодот од 23.00 до 04.00 часот, спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 46 возачи.
 
Ккао што денеска информираа од МВР, за време на контролата биле санкционирани и 42 останати прекршоци.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/

Остани поврзан