• понеделник, 23 декември 2024

Казнети 106 возачи на мотоцикли, три мотоцикли одземени

Казнети 106 возачи на мотоцикли, три мотоцикли одземени
Скопје, 17 октомври 2022 (МИА) - Санкционирани се 106 возачи на мотоцикли во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци, што ги прават возачите на мотоцикли. Како што информираа од МВР, од нив, 63 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 20 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци. При контролата санкционирани се и 175 останати прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/сп/

   

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан