• четврток, 27 јуни 2024

Казнени налози за петмина битолчани, го прекршиле полицискиот час

Казнени налози за петмина битолчани, го прекршиле полицискиот час
Скопје, 27 април 2020 (МИА) - Постапувајќи по поднесени кривични пријави, Основното јавно обвинителство Битола денеска поднесе предлози за издавање казнени налози уште против пет лица за сторено кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. -Обвинетите, во три одделни настани, постапиле спротивно на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата и биле затекнати од полициски службеници како се движат на различни локации без притоа да поседуваат дозвола за тоа. Двајца од обвинетите се движеле пеш низ градот на 26 април, додека другите тројца на 25 април во 23:15 часот биле затекнати во внатрешноста на објектот „Трикотажа Пелистер“ АД Битола – во стечај, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство. Јавниот обвинител на Основниот суд Битола му предложил на секој од петте обвинети да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​бт/лв/

Остани поврзан