• петок, 22 ноември 2024

Каевски: Со носењето на законските измени, државата ќе заштеди 150 милиони евра за изградбата на коридорите 8 и 10Д

Каевски: Со носењето на законските измени, државата ќе заштеди 150 милиони евра за изградбата на коридорите 8 и 10Д

Скопје, 7 мај 2023

Предлог законските измени што ги усвои Владата сево насока на обезбедување побрза и поевтина реализација на делниците од коридорите 8 и 10 Д.

Но, треба да се знае дека измените на петте закони не се однесуваат само на коридорите, туку и за сите следни проекти во патната и железничка инфраструктура, гасоводи и други проекти кои се од стратешки национален интерес. 

Таму спаѓаат и проекти финансирани од ЕУ годнови, од меѓународни финансиски институции, а секако и магистралните гасоводи кон Албанија и Бугарија. 

Коридорот 8 ЕУ веќе го карактеризира какок европски коридор со геостратешко значење и оттаму, измените на законите ќе се носат со европско знаменце. 

Со носењето на законските измени нема да има заобиколување на постапките, нема кратење на фазите на градба. 

Напротив, ќе има забрзани процедури и намалување на роковите, со цел да обезбедиме ефикасност и ефективност при градбата, за овие проекти се завршат и побрзо и поевтино. 

Со носењето на законските измени државата ќе заштеди 150 милиони евра и две години помалку за градба.

Не смее и нема да дозволиме да ни се повтори случајот со автопатот Кичево - Охрид проект што заради неправилности на почетокот, сега се реализира предолго и прескапо. 

Затоа, уште еднаш апелираме до сите пратеници, особено до колегите од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со блокадите, да покажат одговорност и да учествуваат во усвојувањето на измените на законите кои обезбедуваат конечна реализација на стратешкиот проект - изградба на коридодот 8.

Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и пратеник

______________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан