• петок, 22 ноември 2024

Каевски: Заради Мицкоски, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ Скопје е банкрот

Каевски: Заради Мицкоски, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ Скопје е банкрот

Скопје,  17 мај 2023

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска е единствената причина за хаосот што му се случува на Град Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ го има мнозинството во Советот, го има мнозинството од членовите на управните одбори во јавните претпријатија и установи кои исто како Градот се едвај функционални.

Токму ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски ја промовираа Арсовска како најдобра менаџерка, бараа доверба од граѓаните и заедно ја славеа изборната победа во Белиот дворец.

Денес, една и пол година, Градот е со блокирана сметка и е пред банкрот.

Во Скопје со месеци се случува хаос со јавниот превоз, а сообраќајот е колабиран особено по затворањето на мостот „Беласица“, проблем што мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска целосно го игнорираат.

Над сто милиони евра народни пари потрошија ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, не се реализираше ниту еден капитален проект а Градот и јавните претпријатија тонат во долгови.

Со таков однос не е далеку денот кога Скопје и официјално ќе банкротира што е невидена катастрофа.

Банкрот на градот ќе значи целосен колапс на јавните претпријатија, целосен колапс на градската администрација.

Ете што се случува кога ВМРО-ДПМНЕ добива шанса да управува со парите на граѓаните.

Наместо проекти и решенија има масовна партизација, кавги за тендери и провизии и расипничко трошење на буџетските средства.

Скопје и скопјани не заслужуваат ваква расипничка и неспособна градска власт.

 

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан