• вторник, 29 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кавадарчанец тешко ја повредил баба си, лишен бил од слобода 

Кавадарчанец тешко ја повредил баба си, лишен бил од слобода 

Кавадарци, 8 април 2025 (МИА) - Млад кавадарчанец тешко ја повредил баба си, лишен бил од слобода, информираа денеска од Сектор за внатрешни работи Велес.  

-Синоќа  во 20:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Н.Д.(24) од овој град, затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 75-годишна баба и ѝ нанел тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Н.Д. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес. свд/дма/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан