• понеделник, 23 декември 2024

Кавадарчанец во бесознание со тешки повреди најден на улица

Кавадарчанец во бесознание со тешки повреди најден на улица

Скопје, 4 декември 2023 (МИА) - Седумдесет и четиригодишен кавадарчанец вчера бил пронајден со тешки телесни повреди и во бесознание на улицата „Индустриска“ во Кавадарци, информираа денбеска од СВР Велес.

- Во ОВР-Кавадарци вчера било пријавено дека во 15:45 часот на улицата со тешки телесни повреди и во бесознание бил пронајден О.Ш. од Кавадарци. Лицето било пренесено во Општа болница - Кавадарци за укажување лекарска помош, појаснуваат оттаму.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР - Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан