• понеделник, 23 декември 2024

Кавадарци одбележува 31 година од загинувањето на војникот Петре Тодоровски 

Кавадарци одбележува 31 година од загинувањето на војникот Петре Тодоровски 
Кавадарци, 26 јули 2022 (МИА) - Кавадарци одбележува 31 година од загинувањето во Словенија на војникот од тогашната ЈНА Петре Тодоровски, во воениот конфликт во 1991 година, потсетија денеска од кавадаречката Музеј галерија. - Петре Тодоровски  беше роден во 1971 година. Загина на денешен ден во 1991 година, во воениот конфликт во Словенија.Тодоровски служеше воен рок во армијата на поранешна Југославија (ЈНА), во касарната Љубљана поле, во Љубљана. Денес се навршуваат 31 година од неговото загинување и неговата вечна младост. Загина на 20 години, само дваесет дена пред завршувањето на воениот рок, појаснија од Музејот. Основно и средно училиште завршил во Кавадарци. Непосредно пред заминување на отслужување на воениот рок, се запишал на Земјоделскиот факултет при Универзитетот во Скопје. свд/цр

Остани поврзан