• среда, 17 јули 2024

Кавадарци објави конкурс за доделување на општинската награда ,,7 Септември"

Кавадарци објави конкурс за доделување на општинската награда ,,7 Септември
Кавадарци, 11 јули 2022 (МИА)-По повод Денот на ослободувањето, локалната самоуправа Кавадарци денеска објави конкурс за доделување на општинската награда „7 Септември“. -Наградата „7 Септември“ Кавадарци се доделува на физички и правни лица, како знак на општествено признание за остварувања во областа на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес, за развојот на градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација кај нас и во светот, појаснија од Општината. На ученици и на студенти, наградата се доделува за творечки труд, или континуирани, успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности, што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Кавадарци. Предлозите треба да се достават, до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, при Совет на општината Кавадарци, најдоцна до 11 август.свд/ир

Остани поврзан