• вторник, 17 декември 2024

Кавадарци доби 4,5-километарска велосипедско-пешачка патека

Кавадарци доби 4,5-километарска велосипедско-пешачка патека
Кавадарци, 15 октомври 2020 (МИА) - Кавадарци доби 4.5 километарска велосипедско-пешачка патека, информираа вечерва од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. -Уште една приказна од нашето убаво Кавадарци се приближува кон крајот. Велосипедско-пешачката патека од село Ваташа до Моклиште, која со доизградбата на кејот на реката Луда Мара ќе го поврзува и самиот град со месноста Моклиште, веќе е на самиот крај од нејзината изградба. Патеката е повеќенаменска, ќе биде со обележан простор за велосипедисти и пешаци. По должината на патеката на неколку локации ќе се постават паметни клупи за одмор и за користење бесплатен интернет и можност за полнење мобилни телефони. Ќе се постават три станици за брз сервис на велосипеди и во еден дел од патеката ќе се постави и фитнес зона, соопштија од градоначалничкиот кабинет. Модерното и економично осветлување, додаваат,  веќе е во поодмината фаза со поставување, патеката ќе биде целосно осветлена. -Велосипедско-пешачката патека е долга 4,5 километри и ќе биде безбедно место за рекреација и спортување. На нас останува само да уживаме во нашите убавини и да се грижиме за урбаната опрема, нагласија од кабинетот на Јанчев. свд/скс/

Остани поврзан