• понеделник, 20 мај 2024

Кабулов: Путин одобри испраќање жито во Авганистан доколку е потребно

Кабулов: Путин одобри испраќање жито во Авганистан доколку е потребно
Москва, 14 јуни 2022 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин начелно одобри испраќање жито во Авганистан доколку е потребно, изјави за Канал 1 специјалниот пратеник на рускиот претседател за Авганистан Замир Кабулов. - Меѓуресорската делегација поднесе извештај и заклучоци за својата работа во Авганистан, а Владимир Путин начелно одобри испраќање житарици, доколку е потребно. Поточно, одобрена е одредена количина житарици од Русија, се надеваме дека се квалитетни. Количината ќе биде одредена од руската влада согласно специфичноста на ситуацијата, рече Кабулов, пренесува ТАСС. Тој додаде дека проценките за жетвата во Авганистан се обесхрабрувачки, особено за житариците. - Минатата зима беше сушна, објасни Кабулов. ссм/

Остани поврзан