• понеделник, 23 декември 2024

И „Ер Франс“ бара патниците да носат маска во текот на летот

И „Ер Франс“ бара патниците да носат маска во текот на летот
Париз, 5 мај 2020 (МИА) - Француската авиокомпанија „Ер Франс“ објави дека сите патници на нивните летови од 11 мај ќе мора да носат маски согласно препораките од француската Влада за заштита од новиот коронавирус. Од „Ер Франс“ соопштија дека патниците ќе мора да имаат свои маски и мора да ги носат во текот на целиот лет. Некои други авиокомпании како „Луфтханза“, „Јунајтед ерлајнс“ и „Делта ерлајнс“ веќе воведоа такви регулативи. Авиокомпаниите претрпеа голема финансиска штета за време на пандемијата со Ковид-19 и значително ги намалија летовите, а сега бараат начин да ги уверат патниците дека е безбедно патувањето. Сепак, некои авиокомпании не воведоа правила за намалување на бројот на патници на секој лет за да обезбедат физичко растојание, тврдејќи дека не би било економски исплатливо за нив. ки/ми/

Остани поврзан