• петок, 22 ноември 2024

И Трас ќе отпатува за Русија     

И Трас ќе отпатува за Русија     
Лондон, 7 февруари 2022 (МИА) - И британската министерка за надворешни работи Лиз Трас ќе ја посети Русија оваа недела. Нејзината посета е дел од западните дипломатски напори за намалување на тензиите меѓу НАТО и Руската Федерација поради стравувањата од претстојната инвазија на Украина, објави Тајмс. Трас е предвидено да се сретне со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров в четврток по посетата на Украина. Таа ги одложи посетите на Украина и на Русија поради Ковид-19. Посетата на Трас ќе уследи по разговорите меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот руски колега Владимир Путин во Москва. ми/

Остани поврзан