• понеделник, 23 декември 2024

И руските борачи одбија настап на Игрите во Париз

И руските борачи одбија настап на Игрите во Париз

 

Москва, 6 јули 2024 (МИА) – Руските борачи, кои требаше да настапат како неутрални спортисти, го откажаа настапот на Олимписките игри во Париз.

Руската боречка федерација објави дека нејзините борачи „едногласно“ одлучиле да се повлечат од Игрите во Париз поради „неоснованите ограничувања“ наметнати од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).

„Не ги прифаќаме неспортските принципи на селекција според кои ИОК го креираше својот список на повластени спортисти, бидејќи тој е усвоен со очигледна цел да го поткопа нашиот тим“, се вели во соопштението на Руската боречка федерација.

Претходно, ИОК состави список од десет руски борачи на кои им беше дозволено да се натпреваруваат во Париз, но во него не беа вклучени двократниот олимписки шампион Абдулрашид Садулаев (до 86 кг во Рио и до 97 кг во Токио) и двократниот светски шампион и олимписки шампион Заур Угуев (до 57 кг).

Одлуката на Боречката федерација на Русија доаѓа по бојкотот да Игрите во Париз кој претходно денеска го објави и рускиот џудо сојуз. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан