И по четири недели активен вулканот Кумбре Виеја на Ла Палма
- Научниците, кои ја следат ерупцијата на Кумбре Виеја на шпанскиот остров Ла Палма, тврдат дека набрзо нема да заврши активноста на вулканот
Тенерифе, 17 октомври 2021 (МИА) - Научниците, кои ја следат ерупцијата на Кумбре Виеја на шпанскиот остров Ла Палма, тврдат дека набрзо нема да заврши активноста на вулканот.
Ерупцијата на Кумбре Виеја почна на 19 септември и четири недели не престанува неговата активност.
Шпанскиот Национален географски институт соопшти дека на Ла Палма денеска се регистрирани 42 сеизмички активности, а најсилниот потрес бил 4,3 степени според Рихтеровата скала.
Лавата уништи 1.800 станбени згради, 742 хектари земјиште, а од островот се евакуирани 85.000 луѓе. ми/